Проблеми пред Еврокупот: Без Клоф, Дреновац и Симоновски на мегдан на Цедевита!

2016 25 Окт

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром се соочува со сериозни проблеми пред утрешниот дуел на домашен терен со хрватска Цедевита во рамки на 3. коло од Еврокупот, со оглед што тренерот Александар Јончевски за оваа средба нема да може да смета на дури тројца стандардни првотимци.

Поради повреди, средбата ќе ја пропуштат Шарлон Клоф, Ѓорѓе Дреновац и Марко Симоновски, што значи дека македонскиот тим ќе биде исклучително ослабен на надворешните позиции, кои ионака беа најтенкиот дел од составот на „металците“. Холандскиот интернационалец има истегнување на препоните, непријатен спомен од неодамнешниот меч против Карпош Соколи на кој Дреновац ја обнови повредата на бутниот мускул на десната нога.

Симоновски, пак, има истегнување на задната ложа поради што не настапи на дуелот против „соколите“. Првичните лекарски прогнози се дека тројцата ќе бидат најмалку десетина дена отсустни од тренажниот процес на МЗТ Скопје Аеродром, со тоа што би можело паузата дополнително да биде продолжена во зависност од успешноста на рехабилитацискиот период.

„Ќе ни биде многу тешко утре против Цедевита бидејќи ќе играме без тројца првотимци. Сега имаме само четири играчи на позициите '1', '2' и '3', од кои двајца се уште се младинци. Но, нема однапред да се предадеме и покрај големите проблеми, туку ќе дадеме сѐ од себе и ќе пробаме да го изненадиме силниот противник, кој зад себе има искуство и од настапи во престижната Евролига“, вели тренерот Јончевски.

Отсуството на Клоф, Дреновац и на Симоновски ќе значи и поголема шанса за младите Адем Мекиќ и Андреј Цветковски, кои сигурно ќе добијат голема минутажа на утрешниот дуел. Средбата почнува од 19 часот во салата „Јане Сандански“, а судии ќе бидат Јанис Фуфис (Грција), Ерсан Картал (Турција) и Ингус Бауманис (Летонија).

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page