Симоновски: Свесни сме за силата на Лиеткабелис, но нема однапред да се предадеме!

2016 12 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, вечерва, на гостувањето против литванскиот тим Лиеткабелис (18 часот), со директен пренос на МТВ1, ја почнуваат авантурата во Еврокупот, втора во клупската историја во ова реномирано натпреварување.

Дуелот во Паневезис за сино-белите доаѓа во непријатен момент, по низата од четири порази во АБА-лигата и промените во составот по заминувањето на тренерот Емил Рајковиќ и на Американците Џеремаја Мејси и Тори Томас. Но, тоа не значи дека „металците“ однпред ќе се предадат во вечерашната пресметка против екипата која реално ќе ни биде директен конкурент за место во Топ 16-фазата од Еврокупот. Атмосферата во тимот е подобрена по далеку подобрата игра на неодамнешниот меч со Цибона, која за жал не беше крунисана со победа во неизвесниот дуел со две продолженија.

„За нас ова е вторпат како играме во Еврокупот и добро знаеме дека против себе имаме исклучително квалитетни противници. Ќе ни биде тешко на секој од натпреварите, особено на тие што ќе ги играме на гостински терен, како вечерашниот против Лиеткабелис. Знаеме дека ќе ги одмериме силите со искусен тим, кој сигурно ќе сака со сигурна победа да ја почне европската сезона. Направивме промени во тимот по серијата четири порази во АБА-лигата и мислам дека ќе одиграме подобро во Паневезис“, изјави македонскиот репрезентативец, Марко Симоновски.

Судии на натпреварот се Емилио Перез (Шпанија), Аре Халико (Естонија) и Ане Пантер (Германија). МЗТ Скопје Аеродром и Лиеткабелис воедно ја добија честа да ја отворат сезоната во Еврокупот, со оглед што нивниот меч почнува прв во однос на останатите седум од воведното коло од натпреварувањето. Настапуваат 20 екипи поделени во четири групи, од кои најдобрите четири ќе продолжат во Топ 16-фазата. Во нашата група се игра уште и мечот помеѓу Гран Канарија и Цедевита (21 часот) додека руски Нижњи Новгород е слободен.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page