Ни почнуваат обврските во Еврокупот, прв противник – литвански Лиеткабелис!

2016 11 Окт

Во петтиот по големина литвански град Паневезис, кој се протега на површина од 52 квадратни километри, има околу 100.000 жители и се наоѓа на средина помеѓу двете балтични престолнини Вилнус и Рига, е местото каде што кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром утре (18 часот) ќе ја отворат сезоната и во Еврокупот, второто по квалитет клупско натпреварување на Стариот континент.

Противник на сино-белите ќе им биде сезонава драстично засилениот тим на Лиеткабелис, кој е предводен од браќата Кшиштов и Дарјуш Лавриновиќ, кои зад себе имаат повеќе од импресивна европска кариера. Тренерот Казис Максвитис на располагање има и двајца Американци и еден Австралијанец, што е само потврда на високите амбиции на Лиеткабелис сезонава.

Аеродромци уште пред почетокот најавија дека средбите од Еврокупот ќе ги искористат за стекнување искуство, а во утрешниот прв дуел влегуваат по серијата од четири порази во АБА-лигата, поради која оставка поднесе доскорешниот тренер Емил Рајковиќ, а раскинат беше договорот со Џеремаја Мејси и со Тори Томас. Новоангажираниот Стефан Синовец уште на првиот меч против Цибона покажа дека ќе биде големо засилување, поради што од него се очекува уште подобра игра за средбата во „Цидо арената“ во Паневезис.

„И пред три години, кога дебитиравме во Еврокупот, бев дел од МЗТ Скопје Аеродром, поради што добор знам каков предизвик нѐ очекува. Тогаш дури играа многу повеќе екипи во Евролигата и во Еврокупот, за разлика од сега кога има само 16 тима во првото, а 20 во второто ниво од натпреварувањата на УЛЕБ: Тоа носи поголема концентрација на квалитетот, а со тоа и далеку потешка задача за нас. Лиеткабелис е тимот против кого ќе ја бараме шансата за победи вредни Топ 16-фаза, но нема да биде лесно бидејќи ја знаеме нивната сила и начинот на кој ја отворија новата сезона, со победата над Жалгирис и силен отпор против Литвос ритас. Ние, пак, сме во серија од четири порази, но играта прикажана на дуелот со Цибона ни покажа дека можеме далеку подобро од прикажаното“, изјави тренерот Александар Јончевски.

МЗТ Скопје Аеродром претпладнево пристигна во Паневезис, каде што ќе одработи два тренинга (вечерва и утре претпладне) во „Цидо арената“, која е со капацитет од 6.000 гледачи и која беше изградена за потребите на ЕП 2011 на кое Македонија заврши како четвртопласирана. Сите што настапија против Цибона допатуваа во Литванија и се очекува да му се стават на располагање на Јончевски.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page