Пред точно 20 години чудесно го победивме Улм и тоа со помош на – мрежичката на кошот (ВИДЕО)

2016 02 Окт

На денешен ден пред 20 години, кошаркарите на МЗТ Скопје ја остварија можеби најчудната, ама и најдрагоцена победа во клупската историја и тоа против германски Ратиофарм Улм на домашен терен, кога клучната одбрана за драгоцениот триумф ја имаше – мрежичката на кошот.

Овој неверојатен меч се одигра на 2 октомври 1996 година пред преполни трибини во старата сала „Јане Сандански“, како своевидна најава на фантастичната сезона во тогашниот Еврокуп, која кулминира со триумф над големиот Реал Мадрид. „Металците“ беа во негатива од три поени (68-71) и имаа напад на дваесетина секунди до крајот, кој Врбица Стефанов неуспешно го заврши по што следуваше молневит контранапад на противникот, кој беше завршен со забивање. И, кога веќе сите се помирија со поразот, забиената топка не мина низ обрачот, туку таа на чудесен начин беше вратена од мрежичката на кошот како никогаш претходни во историјата на салата „Јане Сандански“, на вчудоневиденост на сите, како на трибините така и на паркетот.

Но, Перо Блажевски не беше меѓу збунетите, туку на маестрален начин го искористи подарокот и со фантастична тројка во речиси последната секунди изедначи на 71-71, што значеше и продолжение. Првиот екстра период заврши со 7-7, па мораа да се играат уште пет минути, во кои кошаркарите на МЗТ Скопје се снајдоа подобро и со 14-11 го добија овој дел од играта и со вкупни 92-89 дојдоа до првиот триумф во Еврокупот.

Начинот на кој нивните претходници победија пред две децении, сигурно ќе биде мотив плус за сегашните избраници на тренерот Емил Рајковиќ пред задутрешниот дуел против Партизан во рамки на 2. коло од АБА-лигата. Исто така, фантастичната атмосфера на трибините на средбата против Ратиофарм Улм пред 20 години би можела да биде и мотив плус за фановите на шампионот да дојдат до што е можно поголем број и да им дадат поддршка на кошаркарите кои сега го носат сино-белиот дрес во обидот да дојдат до првиот официјален триумф сезонава.

За аеродромци на овој искориски меч настапија: Врбица Стефанов (14 поени), Мирза Куртовиќ (11), Тони Симиќ (1), Слободан Петровски, Игор Михајловски (5), Дејан Димов, Марк Дин (23), Антонио Миневски (1), Перо Блажевски (21) и Ѓорѓи Књазев (16).

Медија

МЗТ Скопје - Ратиофарм Улм 92-89 Јутјуб канал: Фемили Аеродром
4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page