МЗТ Скопје Аеродром не е во опасност од санкции!

2016 21 Сеп

Денешното објавување на дописот кој Македонската кошаркарска федерација (МКФ) го испратила до МЗТ Скопје Аеродром, а во кој ни се „НАЛОЖУВА официјално да се откажеме од настапот во Еврокупот и АБА-лигата“, креира потреба од дополнително објаснување од наша страна, со цел јавноста да ја има вистинската слика за оваа ситуација, која и тоа како го засега нашиот клуб.

Прво би сакале да напоменеме дека денеска објавениот допис е од пред 40-тина дена (16 август) и е само прв од преписката која во следниот период постоеше помеѓу МКФ и МЗТ Скопје, со цел да се најде заеднички јазик и излез од проблемот кој ги притиска двете страни. Мора да нагласиме дека сме свесни дека реакцијата на Федерацијата доаѓа по притисок од ФИБА и закана за евентуална суспензија на националниот тим и тоа пред почетокот на квалификациите за пласман на ЕП 2017.

Поради тоа, во нашиот одговор до МКФ испратен неколку дена подоцна, побаравме да ни биде доставена писмената одлука на ФИБА, со цел „таа да биде разгледана и да биде заземен став кој кореспондира со постојните прописи, интересите како на клубот така и на Федерацијата“. Истовремено, од МКФ, како заштитник на интересите на сите кошаркарски клубови кај нас, побаравме да „преземе соодветни дејствија за оценување на легитимноста и законитоста на одлуката на ФИБА“. Поради сето ова, а пред сѐ поради фактот што нашиот настап во двете реномирани натпреварувања на УЛЕБ значи и голем плус за македонската кошарка воопшто, од Управниот одбор на МКФ побаравме да ја повлече донесената одлука од 16 август бидејќи во спротивно ќе преземеме дејства за „оценување на законитоста на истата од страна на Собранието на МКФ со оглед на фактот што УО на МКФ е одговорен за своето работење токму пред овој орган“. Исто така, побаравме бидеме информирани за „начинот на надомест на штета на нашиот клуб која би настанала ако се откажеме од настап во Еврокупот и од АБА-лигата или да ни понудите алтернатива за учество во друго меѓународно натпреварување“.

По нашиот приговор, на 13 септември годинава, добивме нов допис од МКФ во кој челните луѓе на Федерацијата нѐ известуваат дека „претходната одлука од 16 август пред сѐ има ИНФОРМАТИВНО-ОПОМЕНУВАЧКО дејство бидејќи е врзана со евентуално друга настаната ситуација. Оваа одлука (од 16 август-н.з.) во моментов не може да има дејство бидејќи сѐ уште од ФИБА Европа нема конечен став по однос на учествата во наведените лиги ниту конкретна одлука за санкционирање на МКФ. Во оваква ситуација, кога сѐ уште нема конкретни санкции ниту против МКФ ниту према вашиот клуб нема потреба да се дискутира и за евентуална штета која би ја претрпел МЗТ Скопје Аеродром. Секако не е цел на МКФ да било која членка, а особено не државниот првак да биде оштетен. Проблемот не е помеѓу МКФ и клубовите, туку истиот е наметнат од ФИБА Европа каде што МКФ е членка, со надеж дека истиот позитивно ќе се реши без никакви санкции, штети и спорови“.

Сето ова покажува дека МЗТ Скопје Аеродром во моментов не е во опасност од било каква санкција било од УО на МКФ било од Дисциплинската комисија на Федерацијата, ниту, пак, е загрозан нашиот настап во Еврокупот и во АБА-лигата.Исто така, покажува дека постои дијалог помеѓу двете страни, со оглед на заедничката цел – мирно решавање на проблемот кој е инициран на далеку повисоко ниво.

Исто така, со оглед на сензитивноста на прашањето, би замолиле во иднина да бидеме консултирани пред да се објавуваат текстови поврзани со оваа тема, пред сѐ поради зачувување на интегритетот на нашиот клуб, на МКФ, но и на македонската кошарка во целост.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page