МЗТ Скопје тесно поразен на гостувањето во Солун

2016 05 Сеп

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со пораз во пресметката со силниот ПАОК (72-76) на теренот на противникот ја почнаа серијата пријателски средби пред напорната сезона во која ги чека настап во Еврокупот и во АБА-лигата.

Тешките нозе по напорните тренинзи во досегашниот дел од подготовките, малиот фонд на играчи со оглед на некомплетираноста на тимот и изостанокот на неколкумина репрезентативци како и традиционалното домаќинско судења беа главните причини за неуспехот на гостувањето во Солун. Но, и покрај поразот, тренерот Емил Рајковиќ може да биде задоволен од тоа што го виде на паркетот, со оглед на тоа што неговите избраници го прикажаа на паркетот во „ПАОК арената“.

„Металците“ лошо го почнаа натпреварот, брзо му доволија на противникот резултатски да се одлепи и првиот период да го заврши со позитива од дури 16 поени разлика (24-8). Работите брзо се подобрија за сино-белите, кои во втората четиртина, со серија 13-0, намалија на само минус три (26-29) и најавија неизвесен меч. Ѓорѓе Дреновац и Џош Скот беа главни иницијатори на овој „блиц-криг“ на МЗТ Скопје Аеродром. Пред одморот избраниците на Рајковиќ изедначија на 33-33, но потоа примија пет поени по ред за негатива од пет поени со која заминаа на одмор.

ПАОК оваа предност ја одржуваше во третиот дел од средбата, а во последната четвртина аеродромци заиграа одлично, се разигра Ксавиер Темс, што донесе серија 13-2 и прва предност за МЗТ Скопје Аеродром (66-63). Но, кога видоа дека македонскиот шампион може да победи, на сцена стапија судиите и со низа одлуки во корист на домаќинот сами иницираа серија 10-0 за екипата од Солун со која таа повторно се одлепи (73-66) и ја осигура победата во овој пријателски меч.

Дреновац со 23 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје Аеродром, Темс постигна 16 поени, а Џош Скот застана на 11 поени и три блокади. Џеремаја Мејси реализира осум поени додека Урош Лучиќ и Јуре Лалиќ дадоа по четири поени.

Избраниците на тренерот Рајковиќ ќе немаат премногу време за одмор бидејќи веќе утре на пладне ќе ги одмерат силите со турскиот прволигаш Газиантеп (12 часот) исто така во „ПАОК арената“ во Солун.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page