Дреновац: Едвај чекам да почне предизвикот наречен - Еврокуп!

Дреновац: Едвај чекам да почне предизвикот наречен - Еврокуп!

2016 02 Сеп

Српскиот интернационалец Ѓорѓе Дреновац и следната сезона ќе настапува во дресот на МЗТ Скопје, во која се надевам дека ќе биде остварен подобар пласман во АБА-лигата, но и ќе се направи добар резултат во престижниот Еврокуп.

На талентираниот бек не му требало многу за да ја прифати понудат да се врати во сино-белиот табор, каде што брзо се наметна како еден од носителите, пред сѐ поради своите играчки, но и човечки квалитети.

„Близината со луѓето во клубот, фантастичните услови за работа кои ги имаме и желбата да се оствари подобар резултат од минатата сезона се главните причини поради кои не размислував премногу кога ја добив понудата и во следниот период да го носам дресот на МЗТ Скопје Аеродром. Нормално, можноста да играм во Еврокупот дефинитивно беше голем плус при донесувањето на одлуката да се вратам во македонската престолнина, искрено едвај чекам да почне ова натпреварување“, е првиот коментар на Дреновац.

Во моментов, само тој и македонските репрезентативци Љубомир Младеновски и Адем Мекиќ ќе бидат спојот на тимот на новиот тренер Емил Рајковиќ со тој што настапуваше во минатата сезона.

„Тешко е да се направи споредба на сегашниот состав со тој од минатата сезона, особено што сѐ уште не сме почнале со натпревари. Но, со сигурност можам да кажам дека ќе бидеме далеку поатлетски тим, кој сигурно ќе игра атрактивно. Брзо ги сфаќаме барањата од новиот тренер, одлично работиме и сигурен сум дека ќе оствариме добри резултати. А, според мене, тоа ќе биде подобар пласман во АБА-лигата од претходниот шампионат, остварување што е можно повеќе победи во Еврокупот како и потврда на двете домашни круни. Имам добро чувство и верувам дека пред нас е сезона за паметење“, оптимист е 24-годишниот бек на „металците“.

Дреновац беше убедливо најдобриот во составот на МЗТ Скопје во минатата сезона со просек од 15,8 поени и 4,1 скок во домашното првенство односно 14,9 поени и 4,6 скока во АБА-лигата.

„Нормално дека би сакал повторно да се изборам за лидерска улога во тимот. Но, сега има многу нови кошаркари и допрва ќе треба работите да се искристализираат. Како и да е, најважна е крајната цел, а тоа е победа на тимот и остварување што е можно повеќе успеси во дресот на МЗТ Скопје. Индивидуалните епитети се попусти ако не се поткрепени со тимски успех“, објаснува српскиот интернационалец.

Настапот во дресот на македонскиот шампион, особено во натпреварување како Еврокупот, за Дреновац е можност да го демонстрирање на несомнениот квалитет и ставање на мапа кај луѓето кои ги селектираат играчите за репрезентацијата на Србија.

„Не би играл повеќе кошарка ако уште сега би се откажал од репрезентативната селекција. Во минатото ги минав сите возрасни категории во српскиот избран состав и нормално е дека се надевам на нови настапи во дресот со државниот грб. Но, тоа не зависи од мене. Мое е да работам максимално, да давам сѐ од себе на секој тренинг и на секој натпревар и да му помогнам на МЗТ Скопје да дојде зацртаните цели. Само со победи и добри партии во сино-белиот дрес ќе може да се надевам на покана за настап во националниот тим“, завршува бекот на актуелниот првак.

Дреновац е само еден од деветте кошаркари кои летово потпишаа договори со тимот од „Јане Сандански“ и тоа заедно со Американците Џеремаја Мејси, Џош Скот, Ксавиер Темс, Холанѓанецот Шарлон Клоф, Хрватот Јуре Лалиќ, сонародникот Урош Лучиќ како и со домашните Марко Симоновски и Андреј Цветковски.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page