Американецот Темс го одработи првиот тренинг за МЗТ Скопје (ФОТО)

2016 29 Авг

Најновата странска аквиција за МЗТ Скопје Аеродром во летниот преоден рок, Американецот Ксавиер Темс, вечерва го одработи првиот тренинг со новите клупски колеги, откако претходно денеска ги мина задолжителните лекарски прегледи.

Станува збор за 25-годишен бек-шутер, висок 191 сантиметар, кој неодамна потпиша двегодишен договор со актуелниот освојувач на двојната кошаркарска круна кај нас. Настапот во сино-белиот дрес за Темс ќе биде шанса да покаже дека за него има место на европската кошаркарска сцена, со оглед на тоа што досега зад себе има само неколкумесечно искуство во таборот на шпанска Севиља. Тој во саботата дојде од САД, поради што ќе му треба малку време да се аклиматизира во новата средина, но, според прикажаното на првиот тренинг, од него би можело да се очекува солиден придонес во настапот во престижниот Еврокуп и во силната АБА-лига.

Кошаркарите веќе ја завршија првата фаза од подготовките, која претежно се одвиваше под палката на полскиот стручњак за кондициски тренинзи, Бартек Бибрович, а деновиве тренерот Емил Рајковиќ сѐ повеќе инсистира на работа со топка и на дуели низ кои ќе се дојде до посакуваната форма. До почетокот на сезона има уште еден месец, во кој „металците“ ќе одиграат неколку контролни средби, од кои веќе се закажани тие со грчки ПАОК и турски Газиантеп (5 и 6 септември во Солун) како и уште две пресметки на турнирот „Мирза Делибашиќ“ во Сараево (16 и 17 септември) на кој ќе учествуваат уште организаторот Босна Роја, Цедевита и Будуќност.

МЗТ Скопје Аеродром летово драстично го промени играчкиот ростер во кој во моментов се Американците Темс, Џеремаја Мејси и Џош Скот, Србите Урош Лучиќ и Ѓорѓе Дреновац, Хрватот Јуре Лалиќ, Холанѓанецот Шарлон Клоф како и македонските кошаркари Марко Симоновски, Љубомир Младеновски, Адем Мекиќ и Андреј Цветковски. На тренинзите во изминативе две недели се неколкумина најталентирани од младинската школа на клубот, кои добија шанса да соберат искуство и да поднаучат работи тренирајќи со играчите од првиот тим.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page