Скот: Дојдов да победувам и да собирам искуство за во НБА

2016 25 Авг

Новоангажираниот американски кошаркар Џош Скот дефинитивно донесе нова енергија на тренинзите на МЗТ Скопје Аеродром, на кои од првиот до последниот момент дава сѐ од себе со цел да биде што е можно поподготвен за обврските кои го чекаат во новата сезона, а тоа се средбите во Еврокупот и во АБА-лигата како и во двете домашни натпреварувања.

Крилниот центар е своевиден дебитант со оглед на тоа што настапот во сино-белиот дрес ќе му биде прво професионално искуство, по четиригодишниот престој во Универзитетот Колоради во аматерската НЦАА-лига. Но, Скот во тоа не гледа проблем туку дополнителен предизвик добро да се снајде во новата средина и во дуелите со далеку повозрасни и поискусни противници од тие против кои досега настапувал.

„Иако и претходно сум бил во Европа, сепак, ова е едно ново и сосема поинакво искуство. Сите се однесуваат пријателски кон мене, се обидуваат да ми помогнат во секоја прилика и се трудат да се чувствувам како дома. Мислам дека тоа е навистина прекрасна карактеристика на луѓето од Скопје односно Македонија. Секојдневниот живот е речиси идентичен како во САД, нема голема разлика во голем број работи, освен во делот на јазикот, кој се трудам барем малку да го научам за да може уште подобро да се вклопам во новата средина. Кошаркарски гледано, разликите се нешто поголеми и сигурно ќе ми треба време да се прилагодам на некои нови работи, како што е да не правам грешка во чекори со оглед на нешто поразличното толкување на ова правило. Но, кошарката е секаде иста и не гледам зошто и тука не би бил идентично продуктивен како што бев во НЦАА-лигата или во претходните тимови за кои настапував“, ни изјави Скот.

Зад Скот е настап и во дресот на НБА-лигашот Денвер нагетс и тоа пред доаѓањето во Скопје во рамки на Летната лига во Лас Вегас. Тој одигра два меча на кои доби вкупно 11 минути, што, сепак, не беше причина за некое незадоволство кај него. Напротив, самото присуство во таборот на „нагетси“ за него е позитивно искуство.

„Среќен сум што имав барем мала можност да почувствувам како е да се биде дел од еден НБА-тим, каде што сѐ функционира како швајцарски часовник. Научив доста и мислам дека излегов како подобар кошаркар од целата таа приказна. Мојата крајна цел и мојата најголема желба е да играм во НБА-лигата и се надевам дека ќе успеам да го остварам тоа. Но, претходно сум подготвен да дадам сѐ од себе во дресот на МЗТ Скопје кон остварување на што е можно повеќе победи и освојување трофеи во сезоната која е пред нас. Сигурен сум дека пред мене е период по кој ќе излезам како подобар и поподготвен кошаркар за предизвиците кои се секојдневие во најсилната лига на светот“, дополни високиот Американец.

Едно од првите засилувања на првакот во летниот преоден рок има добро претчуство за сезоната која е пред тимот од „Јане Сандански“.

„Имаме многу млади и талентирани играчи, но и неколку искусни кошаркари од кои ми е задоволство да учам. Создаден е добар микс на младост и искуство, кој сигурен сум добро ќе се покаже во претстојната сезона. Верувам дека ќе ја оправдаме довербата од управата и од навивачите на клубот“, завршува Скот.

Американскиот центар официјалното деби во дресот на МЗТ Скопје ќе го има на 1 октомври на гостувањето против Црвена звезда во рамки на АБА-лигата додека во Еврокупот воведниот меч ќе го одигра на 12 октомври против Уникаха во Малага.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page