Хрватот Лалиќ е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром

2016 10 Авг

Хрватскиот интернационалец Јуре Лалиќ (30 год., 211 см.) е вториот кошаркар кој денеска ги засили редовите на МЗТ Скопје Аеродром, откако вечерва ги финишира сите формалности околу потпишувањето договор со актуелниот шампион.

Станува збор за класичен центар, кој минатата сезона ја одигра во дресот на словенечка Крка, а кој кариерата ја има почнато во малку познатиот хрватски тим Амфора од Макарска. Лалиќ е искусен кошаркар, кој се очекува да донесе цврстина во играта под кошевите, а кој досега има играно и за Задар, белгиска Шарлоа, Унион Олимпија, Цибона, бугарски Лукоил Академик и полски Зиелена гора.

Новиот центар на сино-белите е своевиден магнет за шампионски титули, со оглед на тоа што досега има дури шест и тоа по две во Словенија и Хрватска и по една во Белгија и во Полска, а во ризницата има и пет куп-пехари и тоа три во родната земја, а по еден во Белгија и во Словенија.

Претходно денеска потпис на договор со МЗТ Скопје Аеродром стави Американецот со македонски пасош Џеремаја Мејси, а претходно беа ангажирани неговиот сонародник Џош Скот, Холанѓанецот Шарлон Клоф, Србите Ѓорѓе Дреновац и Урош Лучиќ како и македонскиот репрезентативец Марко Симоновски.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page