Еврокуп: МЗТ Скопје тешко се победува во „Јане Сандански“!

2016 28 Јул

Прифаќањето на поканата за настап во Еврокупот, повторно го стави тимот на МЗТ Скопје Аеродром на мапата најдобри кошаркарски клубови на Стариот континент, а со тоа го направи интересен за медиумите, пред сѐ на тие од земјите од каде што се противниците во групната фаза – Уникаха, Мурсија (Шпанија), Зенит (Русија), Будуќност (Црна Гора) и Баерн Минхен (Германија).

Информациите за сите новитети поврзани со македонскиот шампион ревносно се пренесуваат, најчесто од клупските интернет-сајтови на нашите противници, каде што може да се најде и целосна презентација на „металците“ како своевидно проближување на сино-белите до нивните фанови. Засега, најдалеку во овој дел отидоа во шпанскиот тим Мурсија, каде што е објавена опширна сторија за МЗТ Скопје Аеродром.

За луѓето од овој член на една од најсилните лиги во Европа, актуелниот првак на Македонија е „недопирлив на домашна сцена, но и неискусен за настапите во Европа“.

„МЗТ Скопје во последните години со 'челична тупаница' владее на домашна сцена, не дозволувајќи му никому да им го одземе шампионскиот трофеј, првпат освоен во 2012 година. Доминацијата се дополнува со четири победи во последните пет години во Купот на Македонија, каде што тимот има вкупно осум победнички пехари. Македонскиот претставник настапува и во АБА-лигата, каде што најдобар пласман им е седмото место во дебитантската сезона 2012/13, додека во Еврокупот е по вторпат, по сезоната 2013/14 кога имаше скор 1-9 во група со екипи како Уникс Казан, Макаби Хаифа, Банвит, Калев и Рига“, пишува меѓу другото во текстот објавен на сајтот на Мурсија.

Како една од предностите на шампионот се споменува салата „Јане Сандански“, модерен објект со капацитет од 6.500 гледачи, кој, едноставно, има победнички менталитет.

„Кога е исполнета до последно место, атмосферата во арената е пеколна. Станува збор за објект кој е навикнат да победува и тоа не само во кошарка во настапите на МЗТ Скопје туку и во ракомет преку машкиот и женски состав на Вардар, кои доминираат на домашна сцена и кои во последните години имаат повеќе од забележителни настапи на европска сцена.“, објаснуваат Шпанците.

На крајот од текстот, авторот ги предупредува луѓето од таборот на Мурсија дека МЗТ Скопје Аеродром и покрај лошиот дебитантски настап во Еврокупот, сепак, никако не смее да се потцени.

„Не смееме да заборавиме дека ќе играме против актуелниот освојувач на двојната круна во Македонија, екипа навикната да победува дома, но и во силната Јадранска лига. Учинокот од 30 победи и пет порази во минатата сезона на домашна сцена и забележителните настапи во АБА-лигата го потврдуваат квалитетот на ривалот, поради што ќе мора да одиграме максимално за да дојдеме до победа, особени на дуелот во незгодниот 'Јане Сандански'“, потенцираат од шпанскиот прволигаш.

Дуелите на МЗТ Скопје Аеродром против Мурсија се закажани за 9 ноември во Скопје односно 14 декември на теренот на противникот. Пласман во следната фаза ќе обезбедат четирите најдобри тима во групата, што значи дека овие пресметки ќе бидат од огромно значење на обата тима.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page