Испечатете ја страната

Почнуваме во Малага, Баерн Минхен ќе ни гостува во декември

2016 22 Јул

По денешната потврда од страна на управата на клубот за настапот на МЗТ Скопје Аеродром во Еврокупот, официјализиран е и распоредот на македонскиот шампион во групата Ц во која уште се и шпанските Уникаха и Мурсија, Баерн Минхен, руски Зенит и Будуќност од Подгорица.

Стандардниот во минатото евролигаш Уникаха е нашиот прв противник и тоа на 12 октомври во Малага, а отворањето на сезоната од ова натпреварување на домашен терен е седум дена подоцна против Зенит од Санкт Петербург. Во Минхен ќе гостуваме на 2 ноември, а кошаркарската секција на баварскиот спортски гигант во „Јане Сандански“ ќе настапи на 7 декември.

Најдобрите четири екипи од групата ќе продолжат во Топ 16-фазата, која почнува во јануари следната година. За МЗТ Скопје Аеродром ова ќе биде второ учество во Еврокупот во клупската историја, како можност за стекнување драгоцено искуство во пресметките со големите имиња од европската кошаркарска сцена.

Истовремено, тоа ќе биде можност за македонските спортски вљубеници до крај да ги исполнат трибините во „Јане Сандански“ и во живо да го проследат настапот на голем број исклучително квалитетни кошаркари чии годишни плати речиси го надминуваат буџетот на шампионот.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

Уникаха – МЗТ Скопје               12 октомври

МЗТ Скопје – Зенит                   19 октомври

МЗТ Скопје - Будуќност            26 октомври

Баерн М. - МЗТ Скопје               2 ноември

МЗТ Скопје – Мурсија                9 ноември

МЗТ Скопје – Уникаха              16 ноември

Зенит - МЗТ Скопје                   23 ноември

Будуќност - МЗТ Скопје           30 ноември

МЗТ Скопје – Баерн М.             7 декември

Мурсија - МЗТ Скопје               14 декември