Испечатете ја страната

МЗТ Скопје Аеродром е седми најгледан тим во АБА!

2018 17 Апр

Средбите од АБА-лигата сезонава ги проследиле речиси 400.000 вљубеници во кошарката, што носи просек од околу 2.500 на секој од одиграните натпревар во изминатава година.

МЗТ Скопје Аеродром е седми најгледан тим во регионалното натпреварување на средбите одиграни на домашен терен. Дуелите на македонскиот шампион во „Јане Сандански“ просечно ги следеле скоро 2.000 фанови, со што нашиот тим е пред екипи како Цедевита, Цибона или Петрол Олимпија.

Сино-белите, пак на гостувањата просечно го следеле 1.827 гледачи со што нашиот тим е на 11. место на табелата во оваа категорија. Најгледан домашен тим во АБА е Партизан со просек од 4.590 гледачи додека нагледна гостински средби биле тие на Црвена звезда со просел од 3.800 љубители на кошарката.