Тренерот Лукајиќ го пропушта мечот со Морнар, на клупата ќе дебитира Ѓорѓи Кочов!

2018 11 Мар

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром на вечерашниот меч против Морнар (19 часот) од клупата ќе биде предводена од помошниот тренер Ѓорѓи Кочов, откако во последен момент нашиот прв стратег наместо за Бар поради семејни обврски мораше итно да замине во својот дом во Србија.

Тоа ќе биде дополнителен хендикеп за сино-белите на овој последен дуел од АБА-лигата сезонава, со оглед на отсуството на повредениот Бојан Трајковски, веќе заминатиот Јордан Минчев како и на Џордон Крафорд и Алексеј Нешовиќ, кои немаат право на настап во ова натпреварување. Истовремено, ова ќе биде одлична можност за младиот Кочов да се проба како предводник на едно повисоко ниво од тоа каде што работел во минатото, каде што би собрал драгоцено искуство кое и тоа како ќе му помогне во понатамошниот престој во таборот на „металците“. Заедно со него, на овој дуел од клупата ќе помагаат и останатите двајца членови на стручниот штаб на нашиот тим, Тино Даневски и Никола Велев.

Тој е во постојана врска со Лукајиќ, од кого ги добива потребните насоки и совети поради што се очекува неговото отсуство да не се почуствува премногу во играта на сино-белиот тим во пресметката со четвртиот најдобар тим во моментов во јадранската конкуренција.

Овој дуел нема резултатско значење за обата тима, но и едните и другите ќе се обидат да го искористат за воигрување на тоа што ги очекува до крајот на сезоната. За МЗТ Скопје Аеродром тоа е борбата за одбрана на шампионската титула на домашна сцена, но и за достојно завршување на сезоната во АБА преку борбена и пожртвувана игра во текот на сите 40 минути на мечот во Бар.

Ова ќе биде четврти меѓусебен дуел на двата тима во регионалното натпреварување, каде што Морнар досега има три исклучително тесни победи изразени со еден, три и шест поени разлика. Судии на натпреварот ќе бидат Сретен Радовиќ, Денис Хаџиќ (двајцата од Хрватска) и Сашо Петек (Словенија). Предвиден е телевизиски пренос на собранискиот канал на МРТ како и на Арена Спорт.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page