Print this page

Јордан Минчев повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром

2018 09 Mar

Бугарскиот интернационалец Јордан Минчев повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска беше ставен крај на договорот за заем од Фенербахче, чиј член е официјално.

Ова доаѓа на иницијатива на репрезентативецот на Бугарија и тоа покрај инсистирањето на луѓето од нашиот клуб соработката да продолжи и за наредната сезона. Преовлада неговата желба да се врати дома и тоа во тимот на Академик од Правец, каде што би имал далеку поголема минутажа.

Минчев во „Јане Сандански“ дојде во октомври минатата година и оттогаш одигра 14 натпревари со просек од 5,4 поени, 3,1 скок и една асистенција. Најдобра партија прикажа на гостувањето кај Игокеа кога постигна 19 поени.

Управата на МЗТ Скопје Аеродром му посакува сѐ најдобро во продолжението од кариерата, со надеж дека во блиска иднина повторно ќе ни се вкрстат патиштата.