Еден и единствен: Сто меча, 1.076 поени, 302 скока и 187 асистенции за Дамјан во АБА-лигата!

Еден и единствен: Сто меча, 1.076 поени, 302 скока и 187 асистенции за Дамјан во АБА-лигата!

2018 04 Мар

Капитенот на МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Стојановски, пред вчерашниот дуел против Цедевита доби благодарница и пригоден подарок по повод стотиот меч во сино-белиот дрес во АБА-лигата, како прв кошаркар кој дошол до оваа бројка само со настапи само за нашиот клуб.

Македонскиот репрезентативец досега има вкупно 1.076 поени постигнати во регионалното натпреварување заедно со 302 скока и 187 асистенции. Дебито го имаше заедно со нашиот клуб против Цибона во Загреб во 2012 година, а „стотката“ исто така ја заокружи против екипа од хрватската престолнина. Неговиот двоцифрен поентерски просек (10,8), заедно со трите скока и речиси две асистенции по меч доволно говори за неговото значење во досегашната пловидба по Јадранот на екипата од „Јане Сандански“.

Најмногу средби одигра во првата и во четвртата сезона на МЗТ Скопје во АБА-лигата (2012/13 и 2015/16) кога беше на паркетот во сите 26 средби од регуларниот дел од лигата. Во втората одигра 22, бројка која би требало да ја изедначи и сезонава откако ќе го одигра мечот од последното коло следната недела против Морнар во Бар. Најмалку имаше мечеви во сезоната 2014/15 кога поради повреда настапи на пет меча, а не беше дел од составот од Аеродром во минатиот шампионат.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page