Симоновски и Мајсторовиќ се враќаат во тимот, Трајковски две недели ќе биде вон стројот!

2018 01 Мар

Паузата поради репрезентативниот прозорец на ФИБА, тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Жељко Лукајиќ, го искористи прво за рекуперација на екипата по завршниот турнир од Купот на Македонија каде што по деветти пат дојдовме до победничкиот пехар, а потоа и за напорни тренинзи во пресрет на последните средби од АБА и клучниот дел од сезоната во домашното првенство

Добра вест за стручниот штаб е враќањето на Марко Симоновски и Ѓорѓе Мајсторовиќ, кои подолг период беа вон стројот. Македонскиот репрезентативец имаше проблем со мускулот на ногата, а српскиот интернационалец отсуствуваше поради скршен нос. Двајцата веќе извесен период тренираат во полн ритам и се очекува да бидат во тимот на задутрешниот дуел со Цедевита, последен на домашен терен сезонава во регионалното натпреварување.

За да не биде баш сѐ идеално, се погрижи информацијата за повредата на Бојан Трајковски, кој по завршувањето на обврските со репрезентацијата на Македонија почуствува болка во тетивите. Лекарските прегледи покажаа дека не е нешто посериозно, но препорачаа двонеделен одмор за крилниот центар по што повторно ќе се евалуира неговата ситуација. Ова значи дека Трајковски сигурно ќе ги пропушти средбите со Цедевита и Морнар во АБА, како и дуелот со Гостивар во домашното првенство кој најверојатно ќе го одиграме во вторник.

Задутрешната пресметка против Цедевита е со почеток од 17 часот, а билетите се веќе по продажба по цена од 50 денари и може да се купат на билетарницата пред салата „Јане Сандански“ или онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page