МЗТ Скопје Аеродром против Петрол Олимпија го отвара 19. коло од АБА-лигата!

2018 03 Фев

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром попладнево, на домашен терен во салата „Јане Сандански“, ќе го пречекаат тимот на Петрол Олимпија на отварањето на 19. коло од АБА-лигата.

Сино-белите во пресметката со „змајчеки“ ќе пробаат да дојдат до четвртиот триумф во регионалното натпреварување, без разлика на проблемите со повредените играчи со кои тренерот Жељко Лукајиќ се соочува веќе подолго време. Марко Симоновски сигурно нема да игра, а дали и колку ќе може да помогне вториот рековалесцент во тимот, Дарко Соколов, ќе биде решено пред самиот натпревар. Американецот Џордон Крафорд нема право за настап во АБА-лигата, што значи дека повторно голем дел од товарот во организацијата на играта на „металците“ ќе падне на 17-годишниот Андреј Настовски.

„Во секој натпревар влегуваме со желба за победа и за стабилизација на играта. Нѐ следат милион работи кои мора да ги решаваме во од, но мора да го вежбаме и карактерот. Се надевам дека ќе успееме да решиме еден голем проблем, а тоа е играта против агресивна одбрана, што се покажа како лош дел од нашата игра. На такви работи мора да обрнеме поголемо внимание, бидејќи поради противничкиот пресинг имаме голем број загубени топки. Се надевам дека веќе на мечот против Петрол Олимпија ќе имаме одреден одговор на тоа бидејќи овие денови напорно трениравме на овој сегмент“, вели тренерот Лукајиќ.

Ова ќе биде 12. меч на двата тима во првенството на најдобрите екипи од просторот на поранешна СФР Југославија, а досегашниот меѓусебен скор е 6-5 во корист на Петрол Олимпија. Судии на средбата ќе бидат Синиша Херцег, Матеј Шпендл и Иван Стефановиќ. Билетите се веќе во продажба по цена од 50 денари, а може да се купат на билетарата пред спортскиот центар „Јане Сандански“ или онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page