Задутре дома против Петрол Олимпија, а в понеделник на гости кај Блокотехна!

Задутре дома против Петрол Олимпија, а в понеделник на гости кај Блокотехна!

2018 01 Фев

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во следните неколку дена ќе одиграат натпревари против два незгодни противници и тоа задутре (сабота) дома против Петрол Олимпија и в понеделник на гости кај Блокотехна.

Првата средба и во склоп на 19. коло од АБА-лигата во која ќе се обидеме да се реваншираме за поразот во Љубљана во првиот дел од шампионатот, а со тоа и да дојдеме до четвртата победа сезонава во регионалното првенство. Билетите за овој меч, кој почнува во 17 часот, се веќе пуштени во продажба и тоа по цена од симболични 50 денари. Тие може да се купат на билетарата пред спортскиот центар „Јане Сандански“ како и онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/.

Два дена подоцна, пак, ќе патуваме за Гевгелија каде што ќе ги одмериме силите со уште еден противник со кого имаме сметки за „наплата“ со оглед на поразот во првата фаза од првенството во Првата лига на домашен терен. Ова воедно ќе биде и пресметка за втората позиција на табелата пред стартот на Суперлигата. Мечот ќе се одигра со почеток во 18.30 часот.

Тренерот Жељко Лукајиќ се надева дека на овие натпревари ќе може барем делумно да смета на повредените Марко Симоновски и Дарко Соколов, кои подолго време се рехабилитираат и кои полека влегуваат во тренажен процес.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page