МЗТ Скопје Аеродром вечерва на гости кај Мега Бемакс

МЗТ Скопје Аеродром вечерва на гости кај Мега Бемакс

2018 30 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе му гостуваат на тимот на Мега Бемакс (20 часот) во Сремска Митровица и тоа во последниот меч од 18. коло од АБА-лигата.

Сино-белите и во овој дуел ќе настапат ослабени и тоа без повредените Дарко Соколов и Марко Симоновски, но тоа дефинитивно не ја намалува желбата на сите во таборот на аеродромци за добра игра и обид да се совлада незгодниот противник. Поразот во првиот дел од сезоната на домашен терен воедно ќе биде мотив плус за избраниците на тренерот Жељко Лукајиќ да пробаат да триумфираат во Сремска Митровица.

„Играме против силен тим, кој е многу поквалитетен од тоа што покажува пласманот на табелата. И понатаму имаме проблеми со повредени кошаркари, нешто на што веќе навикнавме. За нас најважно е да одиграме според зацртаните принципи и да покажеме дека влегуваме во ритамот кој го посакуваме. Агресивноста во одбраната ќе ни биде неопходна, особено поради начинот на кој игра Мега Бемакс. На нас е да дадеме сѐ од себе и ќе пробаме да покажеме квалитет со кој ќе може да му парираме на одличниот домаќин“, вели Лукајиќ.

Овие две екипи досега одиграа девет натпревари во регионалното натпреварување во кои досегашниот меѓусебен скор е 6-3 во корист на Мега Бемакс. Судии на средбата ќе бидат Марио Мајкиќ (Словенија), Денис Хаџиќ (Хрватска) и Владан Шундиќ (Црна Гора).

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page