Бојан Трајковски: Функционираме како тим, никој не се одвојува од колективот!

Бојан Трајковски: Функционираме како тим, никој не се одвојува од колективот!

2018 24 Јан

Крилниот центар на МЗТ Скопје, Бојан Трајковски, одговори на прашањата на читателите испратени до официјалната интернет-страница на АБА-лигата. Кој забива најдобро во МЗТ? Кој е негов омилен кошаркар? Зошто решил да пушти брада? Одговорите на сето ова и многу повеќе може да ги најдете во приложената статија.

Зошто пуштивте брада?
- Без некоја посебна причина. Го направив тоа пред многу години и брадата остана мој заштитен знак до ден денеска.

За кого освен за МЗТ Скопје навивате во кошарка?
- За ЛА Лејкерс.

Што би биле ако не сте кошаркар?
- Ова е навистина тешко прашање. Едноставно, не можам да се замислам да бидам нешто друго во животот освен кошаркар.

Дали би сте прифатиле понуда од Партизан ако ви пристигне?
- Ако најдеме заеднички јазик со управата на клубот, нормално дека би прифатил да играм за тим како Партизан.

Која е вашата главна цел во кариерата?
- Не размислувам за многу подалеку. Во моментов цел кон која се стремам, барем што се однесува до кариерата, да играм во некоја посилна лига.

Кое е ваште најомилено место за одмор?
- Грција.

Каква е вашата оценка на досегашниот дел од сезоната во АБА?
- Да имавме малку повеќе спортска среќа, сега ќе бевме на некое место кое ќе ни нисеше борба за место меѓу четирите најдобри екипи во АБА-лигата кои ќе настапат во плејофот. Но, сега ни останува само да дадеме сѐ од себе во борбата за опстанок.

Какво е вашето мислење за поранешниот тренер Александар Тодоров?
- Позитивно и тоа во секој поглед.

Кој е, според вас, најдобар играч во МЗТ Скопје?
- Сите се добри на свој начин. Функционираме како тим и едноставно нема некој кој се одвојува од колективот.

Какви се вашите кошаркарски почетоци и кога?
- Кога бев мал, случајно добив покана за кошаркарски камп каде што заминав, пред сѐ од љубопитност. Но, набрзо се вљубив во овој спорт и така почна приказната која сѐ уште трае.

Дали и следната сезона ќе останете во МЗТ Скопје?
- Зошто да не.

Што мислите за навивачите на МЗТ Скопје?
- Прекрасни се. Дури сега најдобро се види колку недостасувало нивното присуство на трибините во неколкуте години кога не доаѓаа во салата.

Што сте работеле за да имате толку добро истрениран шут за тројка?
- Тоа е делумно талент, но и многу часови напорно тренирање и шутирање кон кошот.

Кој најдобро забива во МЗТ Скопје?
- Е, тука има тешко борба помеѓу Андреј Маслинко и Јордан Минчев.

Кој е ваш најомилен македонски кошаркар на сите времиња?
- Врбица Стефанов.

Кој е ваш најомилен НБА играч на сите времиња?
- Еден и единствен – Мајкл Џордан.

Кој е ваш омилен соиграч?
- Марко Симоновски.

Дали следите ракомет и за кого навивате?
- Нормално дека следам, а навивам за европскиот шампион Вардар.

Дали би останале во МЗТ Скопје до крајот на кариерата ако ви се укаже можност за тоа?
- Секако дека би сакал да останам, нормално ако за тоа се укаже можност и ако за тоа се договорат двете страни.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page