Првакот на АБА пресилен за МЗТ Скопје Аеродром

2018 22 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром не успеаја да го изненадат актуелниот шампион во АБА-лигата Црвена звезда (58-92), откако вечерва, на домашен терен, загубија во пресметката  од 17. коло во регионалното натпреварување.

Гостите почнаа силно и по неколку минути веќе имаа 11-0, по што нашиот тим се консолидира и успеа да дојде до изедначена ситуација до почетокот од вториот период. Потоа, белграѓани со серија 16-3 се одлепија на плус 15 (37-22), со што речиси уште тогаш го решија прашањето околу победникот.

Позитивното од овој меч е добрата игра на младиот Андреј Маслинко, кој со 15 поени беше најпрецизен во составот предводен од Жељко Лукајиќ, а солидна партија имаше и неговиот имењак Настовски, кој го одигра првиот меч сезонава во регионалното натпреварување и тоа со три постигнати поени. Двоцифрен поентерски ефект имаше уште и Јуре Лалиќ со 11 поени.

Следниот меч во АБА ќе го одиграме следниот вторник и тоа на гости кај Мега Бемакс. Претходно, задутре и в петок, ќе одигра две средби од домашната Прва лига и тоа против Шкупи и Пелистер.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page