МЗТ Скопје Аеродром вечерва домаќин на првакот во АБА-лигата!

2018 22 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва на домашен терен ќе го пречекаат актуелниот првак во АБА-лигата, тимот на Црвена звезда (18 часот), во меч од 17. коло од АБА-лигата.

„Металците“ против себе имаа исклучително силен состав, кој како голем фаворит влегува во вечерашниот натпревар, но кој доаѓа заморен по две тешки средби од Евролигата во само неколку дена. Избраниците на тренерот Жељко Лукајиќ посакуваат повторување на играта од пред една недела во Загреб, каде што ја совладаа Цибона. Ако го направат тоа, тогаш може и да размислуваат за евентуално изненадување против екипата која неколку години наназад доминира на просторот на поранешна СФР Југославија.

„На сите им е јасно дека Црвена звезда во овој натпревар влегува како голем фаворит. Нашата шанса треба да ја бараме во фактот што противникот неделава одигра два тешки дуели од Евролигата, како и тоа што имаа одредени повредени играчи во тимот. Ние треба да ја повториме играта од претходниот меч против Цибона и на тој начин да се обидеме да го изненадиме актуелниот шампион во АБА“, вели Мавра.

Ова ќе биде 12. дуел на овие два тима во регионалното натпреварување во кои МЗТ Скопје Аеродром победи еднаш и тоа на домашен терен пред нешто повеќе од четири години. Останатите десет средби завршија со триумф на црвено-белите од Белград.

Судии на средбата ќе бидат Игор Драгојевиќ (Црна Гора), Марко Јурас (Србија) и Крунослав Пеиќ (Хрватска). Билетите за овој меч веќе подолго време се во продажба по цена од 100 денари, а може да се купат на билетарата пред салата „Јане Сандански“ или онлајн преку интернет-страницата на http://ticketplus.mk/.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page