МЗТ Скопје Аеродром со 14 тројки ја торпедира Цибона среде Загреб!

2018 14 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја забележаа третата победа сезонава во АБА-лигата, откако попладнево, во Загреб, ја совладаа Цибона (92-77), во меч од 16. коло од регионалното натпреварување.

Фантастичниот шут за тројка беше клучниот фактор во победата на сино-белите, кои постигнаа 14 тројки со одличен процент на прецизност. Дамјан Стојановски и Марко Симоновски реализираа по четири проектили од далечина, а Бојан Трајковски, Радосав Спасојевиќ и Доминик Мавра по два. Противникот прво беше начнат во втората четвртина во која беше преземено водството, а „дотепан“ во третиот период во кој избраниците на тренерот Жељко Лукајиќ, кому ова му е прв јадрански триумф, постигнаа дури 30 поени.

Доминик Мавра беше исклучително расположен против својот поранешен тим и мечот го заврши со дабл-дабл ефект со 17 поени, шест скока и 10 асистенции. Одлични беа и Дамјан Стојановски со 18 (4/5 за тројка) и Марко Симоновски со 16 поени (4/8 за тројка) додека Радосав Спасојевиќ постигна 15, а Јуре Лалиќ 12 поени.

МЗТ Скопје сега има скор 3-13, две победи помалку од најблиските ривали Петрол Олимпија и Мега Бемакс, а три од Цибона (со која има подобар меѓусебен скор) и Игокеа. Следниот понеделник сино-белите на домашен терен ја пречекуваат Црвена звезда, а претходно, в среда, ќе го одиграат дуелот од домашното првенство против Карпош Соколи во „Јане Сандански“.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page