Минчев пред Игокеа: Тренираме добро, ќе дадеме сѐ за да победиме!

2018 04 Јан

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром првиот натпревар во 2018 година ќе го одиграат утре, на домашен терен против екипата на Игокеа (17 часот), во кој ќе пробаат да дојдат до третиот триумф сезонава во АБА-лигата со што би ставиле крај на низата порази и би најавиле подобри времиња во битката за опстанок во регионалното натпреварување.

Во тимот се враќа Марко Симоновски, додека Дарко Соколов и понатаму е во „аут“ поради повреда на коленото. Ротацијата на бековските позиции и понатаму е голем проблем за тренерот Жељко Лукајиќ, кој очекува значаен удел во играта од бугарскиот интернационалец, Јордан Минчев.

„Очекувам тежок натпревар. Кошаркарите на Игокеа ќе влезат максимално мотивирани во овој меч, пред сѐ поради желбата да ни се реваншираат за поразот кој им го нанесовме во Лакташи. Ние сме во лоша ситуација во моментов, но тренираме добро, работиме максимално и ќе дадеме сѐ за да го совладаме незгодниот противник“, вели Минчев пред средбата со босанскиот претставник.

Билетите за овој меч се веќе пуштени во продажба на касата пред салата „Јане Сандански“ и онлајн преку http://ticketplus.mk/ и тоа по цена од 50 денари.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page