Немоќни против неверојатната шутерска вечер на Задар!

2017 29 Дек

Неверојатната шутерска вечер и дури 18 постигнати тројки на противникот, беа главните причини за неуспешното гостување на МЗТ Скопје кај Задар и поразот со 80-105 во меч од 14. коло од АБА-лигата.

Задрани едноставно не можеа да промашат во првата четвртина, која ја добија со дури 18 поени разлика (32-14), разлика која ја одржаа до самиот крај. Во втората четвртина со подобра игра во одбраната намаливме на седум поени негатива (37-44), но потоа снемавме енергија, најмногу поради скусената ротација на бековските позиции поради отсуството на повредените Дарко Соколов, Марко Симоновски и отпуштениот Никола Павличевиќ.

Јордан Минчев со 17 поени беше најпрецизен во сино-белиот тим, додека Јуре Лалиќ и Доминик Мавра постигнаа по 16 поени. Кај Задар фантастичен беше Џошуа Бостик со 38 постигнати поени и шут 8/12 за три поени.

Ова беше последен меч годинава за МЗТ Скопје Аеродром, а следен наш противник е Игокеа и тоа следниот петок во „Јане Сандански“.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page