Ослабени, но мотивирани: Му гостуваме на Задар со желба за успешен крај на 2017 година!

2017 29 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе му гостуваат на Задар (20 часот) во последниот меч за 2017 година во кој ќе пробаат да го изненадат противникот, кој е во налет и да најават подобри времиња во периодот кој следува.

На сино-белите воопшто нема да им биде лесно во градот на Јадранот, со оглед што против себе ќе имаат тим кој има пет победи во последните седум меча во АБА-лигата. Згора на тоа, тренерот Жељко Лукајиќ нема да може да смета на Марко Симоновски, Никола Павличевиќ, а речиси сигурно и на Дарко Соколов што му остава ептен скусена ротација на бековската позиција.

Но и покрај сето ова, „металците“ најавуваат максимално борбена игра и желба за триумф и крај на црната серија која трае долго. Тие што ќе се појават на теренот ќе дадат сѐ од себе, со надеж дека конечно и среќата ќе биде на нивна страна по неколкуте несреќни порази во последно време.

„За мене најважно на овој меч да видиме што и колку сме запамтиле од тоа што го работевме изминатиов период. Добро е што конечно сфативме што е лошо и како тоа да го исправиме во следниот период. Пак се соочуваме со голем проблем, со оглед што ќе ни недостасуваат дури тројца од тие што досега го понесуваа товарот, што воопшто не е мала работа. Скусена ни е ротацијата на бековската линија, каде што, пак, Задар е исклучително силен , со подолга клупа. Противникот е во добра серија, со одлична атмосфера, играат добро и поединечно и тимски. Ќе одиграме максимално и ќе пробаме да дојдеме до посакуваниот резултат“, вели тренерот Лукајиќ.

Ова ќе биде 12-ти натпревар помеѓу овие два тима во АБА-лигата, а досегашниот меѓусебен скор е 6-5 во корист на Задар. МЗТ Скопје Аеродром има една победа на теренот на противникот и тоа во првата јадранска сезона на клубот.

Судии на натпреварот се Игор Драгојевиќ (Црна Гора), Милан Недовиќ (Словенија) и Владан Шундиќ (Црна Гора). Предвиден е телевизиски пренос на МТВ и на Арена Спорт.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page