Јуре Лалиќ: Тежок меч, ама ќе дадеме сѐ од себе и ќе пробаме да го изненадиме Задар!

2017 28 Дек

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром утре вечер ќе го одигра последниот меч во 2017 година и тоа на гости кај тимот на Задар (20 часот), во меч од 14. коло од АБА-лигата.

Задрани победија на пет од последните седум меча, со тоа што во минатото коло загубија од фаворизираната Цедевита со тројка дури во последната секунда од средбата. Згора на тоа, во сино-белиот тим ќе го нема Марко Симоновски, додека крајно неизвесен е настапот на Дарко Соколов. Никола Павличевиќ веќе е минато на зашиот состав, додека младиот Андреј Настоски нема право на настап во регионалното натпреварување.

Но и покрај сето ова, избраниците на тренерот Жељко Лукајиќ се решени да дадат сѐ од себе и да пробаат да изненадат и да победат.

„Формата на Задар е во нагорна линија, играат одлично во последните пет-шест кола, а згора на тоа играат на домашен терен. Ќе биде тежок натпревар, со оглед што пак имаме проблеми со повредите во надворешната линија. Но, ќе мора да дадеме сѐ од себе и да пробаме да триумфираме, што би било своевидна пресвртница за нашиот клуб“, вели центарот Јуре Лалиќ.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page