Никола Павличевиќ повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром

2017 25 Дек

Црногорскиот интернационалец Никола Павличевиќ повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска шесткратниот кошаркарски шампион на Македонија спогодбено го раскина договорот со него.

Инцидентот што се случи по неодамнешната средба против ФМП, во кој Павличевиќ нервозен по поразот во речиси добиен натпревар влезе во конфликт со навивачите, е причината поради која клубот и кошаркарот заеднички решија дека вакво решение е најдобро во моментов за двете страни. Навивачите се составен дел од МЗТ Скопје Аеродром и сите во клубот мораат да знаат дека ваков начин на однесување кон нив е апсолутно недозволив и дека секој израз на непочитување во иднина ќе биде санкциониран според одредбите на Дисциплинскиот правилник.

На Павличевиќ му благодариме за тоа што изминатиов период го даде на паркетот во сино-белиот дрес и му посакуваме сѐ најдобро во понатамошната кариера.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page