Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром остануваат на две победи сезонава во АБА-лигата, откако денеска загубија на домашен терен од Морнар (69-72) во меч од 11. коло од регионалното натпреварување.
Сино-белите, носени на крилјата на навивачката група „Фемили“ и предводени од новиот тренер Жељко Лукајиќ, покажаа нова енергија и играа одлично 30 минути во кои имаа позитива и од 19 поени (57-38). Но, во последната четвртина противникот погоди буквално сѐ што шутна, а имаше и луда среќа во клучните моменти за голем триумф во битката за опстанок.
Трајковски со 17 поени беше најпрецизен во составот од „Јане Сандански“, а Симоновски, Мајсторовиќ и Лалиќ постигнаа по 11 поени.
Следен меч за нашиот тим е веќе задутре на гости кај Кожув во склоп на 9. коло од Првата лига, додека следниот викенд ќе му гостуваме на Партизан.