Ечеше песната на „Фемили“ на тренингот на МЗТ Скопје пред мечот со Морнар!

2017 09 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ќе имаат огромна помош на утрешниот натпревар против Морнар во рамки на 11. коло од АБА-лигата, со оглед на највеното враќање на навивачката група „Фемили“, која на денешниот тренинг имаше своевидна увертира пред официјалниот камбек на трибините.

Со дваесетминутно шоу, исполнето со добро познатите навивачки рефрени, нашите навивачи им дадоа поддршка на избраниците на новиот тренер Жељко Лукајиќ во пресрет на исклучително важниот меч за опстанок во регионалното натпреварување.

„Од утре сѐ се менува, срце ќе оставиме, само јако момци, заедно да славиме“, беше пораката напишана на транспарентот истакнат во малата сала „Јане Сандански“ со која „Фемили“ најави вистински пекол за Морнар и огромен ветер во грб за кошаркарите во сино-бела опрема.

Утрешната средба почнува во 17 часот, билетите се веќе во продажба по цена од 50 денари, а ќе може да се купат на касата пред спортската арена во Аеродром како и онлајн преку интернет-страницата www.ticketplus.mk.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page