Лукајиќ: Дојдов во клуб со богата традиција за кој кошаркарите мора да играат со срце!

2017 09 Дек

Српскиот тренер Жељко Лукајиќ денеска пристигна во Македонија каде што веќе се запозна со условите кои ќе ги има во МЗТ Скопје Аеродром, а попладнево ќе го има првиот од двата тренинга пред „огненото крштевање“ утре против Морнар (17 часот).

Тој најави напорна работа, потенцирајќи дека добро знае во каква средина доаѓа и која е историјата на клубот на чие кормило седнува.

„Свесен сум дека доаѓам во клуб со голема традиција, а се сеќавам уште кога МЗТ Скопје првпат влезе во најдобрата лига на некогашната заедничка држава. Јасно ми е каде доаѓам, изминатиов период следев сѐ што се случува во АБА-лигата и добро сум запознаен што ме очекува во новата средина. Ги знам силите со кои располагам, а сега најважна задача ми е да ги уверам кошаркарите во квалитетот кој го имаат и да го насочам сето тоа кон успешни резултати на клубот. И за нив самите е лошо кога влегуваат во низа порази, па затоа сум убеден дека и тие ќе сакаат да дадат сѐ од себе за што побрзо со заеднички сили да излеземе од кризата. Ќе мора да ја кренеме главата, да поработиме на психата и пред сѐ секој мора да ја сфати својата улога во тимот“, објаснува Лукајиќ.

Наследникот на Александар Тодоров не сака однапред да дава прогнози или своите очекувања, барем не додека подобро не се запознае со ситуацијата во својот нов клуб.

„Рано е за генерални прогнози. Моите очекувања во моментов се сведуваат само на тоа дека и јас и моите кошаркари ќе бидеме професионални и дека ќе го вложиме својот максимум. А, ако го сториме тоа тогаш многу полесно може да ја изанализираме ситуацијата и да дадеме оценка на тоа што го сакаме да крајот од сезоната. Досегашните искуства велат дека едни вакви шок-терапии со промени на тренерот носат добри резултати. Но, шокот трае кратко и без максимално вложување на енергијата не може да се направи ништо. Треба да се тренира што е можно повеќе, да се исправаат грешките во од бидејќи и време нема многу со оглед на настапот на две различни натпреварувања. Сепак, секогаш сум оптимист и верувам дека ќе дојдат подобри времиња за тимот кој го преземам“, завршува искусниот стратег.

МЗТ Скопје Аеродром во моментов има учинок 2-8 во АБА-лигата поради што победата во утрешната пресметка се наметнува како императив.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page