Официјално: Србинот Жељко Лукајиќ е нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром!

2017 08 Дек

Поранешниот предводник на Партизан, Хемофарм, Лукоил Академик и Игокеа, Србинот Жељко Лукајиќ, и официјално е назначен за нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром, откако попладнево ги заврши сите формалности околу потпишување договор со шесткратниот македонски шампион.

Соработката е до крајот на сезоната со можност истата да се продолжи за уште една година. Лукајиќ доаѓа на местото на Александар Тодоров, кој поднесе оставка по завчерашниот пораз на домашен терен од Работнички и пред себе ќе има исклучително тешка задача да го разбуди „заспаниот лав“ од Аеродром. Сино-белите во моментов се на последното место во АБА-лигата со скор 2-8 додека на домашна сцена имаат пет победи и три порази.

Србинот важи за тренер со цврста рака, чиј ангажман треба да делува како позитивен шок кај кошаркарите. Негов последен клуб е босанска Игокеа, а има работено во екипи како Партизан, ПАОК, Хемофарам, Лукоил Академик и украинска Политехника. Искусниот стратег ќе нема многу време за аклиматизација со оглед што веќе задутре МЗТ Скопје го очекува најважниот меч досега во АБА-лигата, на домашен терен против Морнар.

Неговото пристигнување во Македонија се очекува во текот на утрешниот ден.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page