Испечатете ја страната

Урош Луковиќ: МЗТ Скопје ги има најдобрите услови за работа во АБА-лигата!

2017 03 Дек

Српскиот кошаркарски интернационалец, Урош Луковиќ, иако одигра само нецела сезона во дресот на МЗТ Скопје Аеродром (2015/16), сепак, со радост се навраќа на деновите минати во нашиот клуб.

Сегашниот кошаркар на црногорски Морнар, во интервју за српските медиуми, ги потенцира убавите денови минати во Македонија, каде што покрај во таборот на „металците“ играше и за Куманово и за Кожув.

„МЗТ Скопје Аеродром ги има најдобрите услови за работа и тренинзи во цела АБА-лига. Тоа што го имаат во 'Јане Сандански' го нема никој друг“, изјави Луковиќ.

Високиот центар во сино-белиот дрес настапи на девет средби во регионалното натпреварување со просек од 11,4 поени и 6,2 скока. Тој воеднo ја освои и двојната круна во домашните натпреварувања.