Цедевита пресилна за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

2017 02 Дек

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром поразена се враќа од гостувањето кај Цедевита (65-77), во меч во кој скапо нѐ чинеше лошиот старт од мечот.

Домашните првата четвртина ја затворија со серија 20-3 за огромна позитива од 16 поени (24-8). Тоа како да ги освести сино-белите кои заиграа подобро, па намалија на само минус четири (33-37) пред крајот на првото полувреме. Но, потоа му дозволивме на ривалот одново да се размавне и со седум поени во низа да дојде до 44-33 на крјаот од периодот, а потоа и до највисоки плус 17 (55-38).

Огромната негатива пак делуваше освестувачки за избраниците на тренерот Александар Тодоров, кој пак силно возвратија, овој пат со серија 17-5 за минус пет (55-60). Но, тоа како да им ја одзеде целата сила па Цедевита одново поведе со двоцифрена разлика, која ја сочува до самиот крај.

Никола Павличевиќ средбата ја заврши со 18 поени и шест асистенции, Спасојевиќ додаде 14 поени додека Марко Симоновски и Доминик Мавра реализираа осум односно седум поени.

Следната недела екипата на МЗТ Скопје дома го игра можеби најважниот меч досега во борбата за опстанок во АБА-лигата, дома против Морнар. Претходно, в среда, сино-белите ќе ги одмерат силите со Работнички во македонското „Ел Класико“, исто така во салата „Јане Сандански“.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page