МЗТ Скопје Аеродром без „бело знаме“ вечерва на гости кај Цедевита!

2017 02 Дек

Свесни за силината на противникот, но со желба да се покаже квалитет и со амбиција за евентуално изненадување, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром поипладнево ќе ѝ гостуваат на Цедевита (17 часот), една од најдобрите екипи во АБА-лигата.

За сино-белите на овој меч ќе дебитира македонскиот репрезентативец Дарко Соколов, кој за време на репрезентативната пауза потпиша на скопскиот тим. Во составот се враќа подолго време повредениот Јордан Минчев, а неизвесен е настапот на Бојан Трајковски, кој има проблеми со препоните. Тимот на аеродромци полека почнува да ја добива посакуваната форма, а гостувањето во Загреб е прво на кои ќе настапат во новоформираниот ростер, со кој ќе се брка опстанок во регионалното натпреварување

„Против Цедевита првпат ќе играме во составот со кој во моментов го имаме на располагање. Потребно е време за воигрување, но такво нешто немаме и свесни сме за тоа. Наша примарна цел е да видиме колку може да се носиме со една од водечките екипи во АБА-лигата и тоа на нејзин терен. Против себе имаме исклучително квалитетен тим, со одлични поединци и тоа по двајца на секоја позиција. Противникот е фаворит во овој дуел, но ние на паркетот во Загреб дефинитивно ќе истрчаме без бело знаме“, вели тренерот Александар Тодоров.

Ова ќе биде 13. дуел на двата тима во последниве пет години, а во досегашните средби во АБА и во Еврокупот меѓусебниот скор е 10-2 во корист на хрватскиот тим. МЗТ Скопје Аеродром ги доби првите две средби додека загрепскиот тим е во низа од десет победи по ред.

Судии на попладневната пресметка против Цедевита ќе бидат Миливоје Јовичиќ, Милија Војиновиќ (двајцата од Србија) и Марио Мајкиќ (Словенија). Предвиден е телевизиски пренос на МТВ и на Арена спорт.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page