Соколов една ипол сезона во МЗТ Скопје, раскинат договорот со Гарсија

2017 22 Ное

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Дарко Соколов (31 год., 190 см.), во следните 18 месеци ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска ја официјализира соработката со шесткратниот шампион.

Со ангажирањето на Соколов добивме дополнителен квалитет на бековската позиција, што и тоа како ќе биде важно во преостанатиот дел од сезоната во која сино-белите бркаат опстанок во АБА-лигата и двојна круна на домашна сцена. Станува збор за искусен кошаркар кој имаше играно за екипи како Вардар, АМАК-СП, Струмица, Фени индустри, Работнички и Карпош Соколи од каде што доаѓа во нашите редови.

Соколов веќе има искуство со настап во дресот на „металците“ и тоа неколку месеци во 2009 година. Неговото деби се очекува на средбата против Цедевита на почетокот од следниот месец.

Управата на клубот истовремено би сакала да ја информира јавноста за раскинот на договорот со Американецот Ерик Гарсија, кој веќе извесен период е надвор од првиот состав на МЗТ Скопје Аеродром. Соработката е прекината со обострана согласност и сите во нашиот табор му посакуваат среќа во понатамошната кариера.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page