Тодоров: Мора да се прегрупираме и да победиме на три од четирите средби во декември!

2017 20 Ное

Паузата поради репрезентативните настапи и тоа како добро ќе ѝ дојде на екипата на МЗТ Скопје Аеродром, смета тренерот Александар Тодоров, кој по синоќешниот пораз од Будуќност, лидерот на табелата во АБА-лигата, потенцира дека „празниот од“ ќе биде искористен за прегрупирање.

„ Последната четвртина ја одигравме очајно со оглед што примивме дури 32 поени, а почнавме и без ниту еден поен во првите пет минути од овој период иако имавме напад да спуштиме на релативно солидни шест поени негатива. Влеговме во лоша серија во која Будуќност реализира 17 поени во низа, а згора на тоа имаа и 16 офанзивни скокови. Паузата што е пред нас е нешто најдобро што може да ни се случи за да се прегрупираме. Во декември играме четири средби од кои мора три да победиме, а останатите четири триумфо потребни за опстанок да ги бараме во 2018 година“, изјави Тодоров.

На прес-конференција по средбата беше и Марко Симоновски, за кого дуелот со тимот од Подгорица е нешто што треба брзо да се заборави.

„Мислам дека добро го отворивме натпреварот. Некако немавме среќа во нападот, промашивме некои отворени шутеви кои противникот ги искористи со лесни поени. Во второто полувреме бевме некако конфузни и во нападот и во одбраната, им дозволивме многу офанзивни скокови и затоа разликата отиде толку високо во корист на Будуќност. Треба брзо да го заборавиме овој меч и да пробаме да ги исправиме грешките на средбите кои нѐ очекуваат на кои треба да почнеме да победуваме“, изјави Симоновски.

Следниот јадрански предизвик за нашиот клуб е тимот на Цедевита на кој ќе му гостување на почетокот од следниот месец. Во декември ќе играме уште и против Морнар и ФМП дома и против Партизан и Задар на гостински терен.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page