МЗТ Скопје Аеродром поразен во дуелот со најсилниот тим во АБА-лигата

2017 19 Ное

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дадоа сѐ од себе, но не успеаја да го совладаат лидерот на табелата во АБА-лигата, тимот на Будуќност (71-93) во вечерашниот меч на домашен терен во рамки на 9. коло од регионалното натпреварување.

Клучно за поразот беше серијата 17-0 со која противникот ја отвори четвртата четвртина со која дојде на огромни плус 25 (78-53) и тоа откако сино-белите имаа напад на намалат само на минус шест. Големиот број офанзивни скокови (16) на црногорските кошаркари ист така се покажаа како голем фактор за нивниот триумф.

Доминик Мавра со 14 поени беше најефикасен во нашиот тим, додека Јуре Лалиќ и Бојан Трајковски постигнаа по 13.

Сега следува пауза од две недели поради репрезентативниот прозорец, а следната обврска на сино-белите е на почетокот од следниот месец кога ќе ѝ гостуваат на Цедевита.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page