МЗТ Скопје Аеродром домаќин на лидерот во АБА – тимот на Будуќност!

2017 19 Ное

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се најдоа во релативно незавидна ситуација на табелата по низата порази, но промените во тимот и одличната работа на тренинзите изминатиов период им даваат надеж за успех во вечерашната пресметка против Будуќност (19 часот) во рамки на 9. коло од АБА-лигата.

Настапот на Јордан Минчев и на Бојан Трајковски е под знак прашалник, но и покрај тоа тренерот на „металците“, Александар Тодоров, има доволен број квалитетни играчи на располагање кои би можеле да му ги нарушат сметките на гостинот од Подгорица. Силниот ривал минатата сезона падна во „Јане Сандански“, па во таборот на шампионот се надеваат дека е можна уште една слична реприза

„Свесни сме дека против себе имам тим кој е међу најдобрите во АБА-лигата што најдобро се гледа и од лидерската позиција на табелата. Во Будућност нема некоја голема дзвезда, туку сите играат колективно, како екипа и тоа е една од нивните најголеми предности. Имаме проблеми со повредите, но како и на секој натпревар на домашен терен мора да одиграме со срце и максимално борбено. Црногорците и во минатото биле изненадувани во Скопје, вклучително и во минатата сезона кога можеби беа и уште посилни. Како и да е, треба да одиграме најдобро што знаеме, да дадеме сѐ од себе и само така може да се надеваме на успех“, вели Тодоров.

Двата тима досега одиграа десет средби во регионалното натпреварување, а меѓусебниот скор е 8-2 во корист на Будуќност. Судии на натпреварот ќе бидат Срете Радовиќ (Хрватска), Марко Јурас и Бранислав Мрдак (двајцата од Србија). Билетите се во продажба по цена од 100 денари, а предвиден е ТВ-пренос на МТВ и на Арена спорт.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page