МЗТ Скопје Аеродром вечерва домаќин на Мега Бекамс

2017 05 Ное

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе му бидат домаќини на секогаш незгодниот тим на Мега Бемакс (19 часот) во меч од 7. коло од АБА-лигата во кое македонскиот тим влегува со императив за победа.

Сино-белите ги загубија последните два меча во регионалното натпреварување, па во пресметката со гостинот од Сремска Митровица гледаат шанса за рехабилитација. Згора на тоа, евентуалната победа над директниот ривал ќе значи многу за „металците“ во борбата за опстанок во јадранското друштво.

„Знаеме против кого играме. Мега Бемакс е млада и полетна екипа, која игра многу брзо, особено во нападот. Треба да го запреме нивниот контранапад и да не влеземе во нивни ритам. Нашата шанса е во добра одбрана и во смирен и концентриран напад. Очекувам да одиграме подобро од претходните средби, а крајниот епилог на овој дуел најмногу зависи од нас самите. Очекувам да добиеме енергија од трибините, што и тоа како ќе биде значајно во оваа важна пресметка за нас“, изјави пред средбата Марко Симоновски.

Тренерот Александар Тодоров на вечерашниот дуел нема да може да смета на новото засилување Доминик Мавра, кој има повишена телесна температура поради што не е во состајба да се појави на паркетот. Поради болест мечот ќе го пропуштат и Брет Бејли и Андреј Маслинко. Добра вест е враќањето на Јордан Минчев, а во сино-белиот тим првпат во АБА ќе бидат и Радосав Спасојевиќ и Симоновски.

Ова ќе биде девети дуел на овие две екипи во регионалното натпреварување, а досегашниот скор е 5-3 во корист на српскиот тим. На средбите во Скопје, пак, македонскиот претставник е убедливо подобар со три победи во четири одиграни дуели.

Судии на натпреварот се нашиот Игор Митровски, Илија Белошевиќ (Србија) и Хрватот Јосип Радојковиќ. Предвиден е директен пренос на МТВ и на Арена Спорт.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page