Со фантастичен напад до голема победа над Игокеа!

2017 16 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до втората победа сезонава во АБА-лигата, откако вечерва, со фантастична игра во нападот, како гости ја совладаа фаворизираната Игокеа со 108-99.

Тоа беше последен меч од 4. коло од регионалното натпреварување по кое нашиот тим има скор 4-4. Триумфот беше повеќе од заслужен бидејќи сино-белите водеа во најголемиот дел од средбата. Шутот беше на највисоко можно ниво со дури 13 постигнати тројки и 60-отстотна прецизност во ударите за два поени, а бевме неверојатно надмоќни во скокот со дури 22 скока повеќе во однос на противникот (46-24).

Дамјан Стојановски постигна 23 поени и тоа по перфектното прво полувреме во кое реализира 17 поени без ниту едно промашување од поле (7/7). Јордан Минчев блесна со 19 поени, Бојан Трајковски и Брет Бејли реализираа по 17, а Јуре Лалиќ застана на 14 поени.

Македонскиот шампион веднаш по средбата тргнува назад кон Скопје, каде што задутре ќе го пречека тимот на Шкупи во меч од 2. коло од Првата лига. Следен противник во АБА-лигата му е тимот на Цибона, кој следниот понеделник ќе гостува во „Јане Сандански“.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page