Во меч со многу пресврти и неизвесен финиш поразени дома од Задар!

2017 09 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром не успеаја да дојдат до втората победа по ред на домашен терен во АБА-лигата, откако вечерва загубија во пресметката со Задар со 80-85.

Тоа беше тврд меч со многу пресврти во кој ниту една од екипите немаше позитива поголема од шест поени. Сино-белите имаа плус два на истекот од претпоследната минута од средбата (80-78), но потоа противникот постигна седум поени во низа со што го осигура драгоцениот триумф.

Јуре Лалиќ со 21 поени беше најдобриот поединец во таборот на МЗТ Скопје, додека одлична партија прикажа и Ерик Гарсија со 15 поени. Дамјан Стојановски постигна 11 поени, додека Бојан Трајковски собра девет поени за 19 минути минати на теренот. Деби во дресот на аеродромци имаше засилувањето од Фенерхабче, Бугаринот Јордан Минчев, кој средбата ја заврши со четири поени.

Наш следен противник во АБА е Игокеа следниот понеделник во Лакташи, додека претходно, в четврток, нѐ очекува пресметка против Карпош Соколи на домашен терен на стартот од Првата лига.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page