МЗТ Скопје Аеродром казнет со 1.000 евра поради фрлање тврди предмети од трибините!

2017 04 Окт

Спортскиот директор на АБА-лигата, Жарко Чабаркапа, го казни македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром со 1.000 евра и тоа поради „фрлање тврди предмети кои може да предизвикаат повреди“ според член 73.3 од пропозициите на регионалното натпреварување.

Инцидентот се случи за време на мечот од 1. коло против Партизан, кој заврши со победа на тимот од „Јане Сандански“. Казна од 1.000 евра добија и белграѓани поради истиот прекршок направен од навивачите на овој клуб.

Со цел да се избегне дополнителното празнење на клупската каса, управата на МЗТ Скопје Аеродром апелира до сите навивачи, симпатизери и искрени вљубеници во кошарката во иднина да се воздржат од фрлање било какви предмети кон актерите на теренот. Со таков гест само се прават проблеми на клубот и тоа не само на финансиски план туку и на имиџот кој го имаме во АБА-лигата. Помошта од трибините и тоа како ни е потребна, но на начин кој нема да донесе било какви санкции, кои во иднина при евентуално повторување би била драстично поголеми.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page