МЗТ Скопје Аеродром поразен на гостувањето кај ФМП!

2017 03 Окт

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа првиот пораз во новата сезона во АБА-лигата, откако загубија на вечерашното гостување кај ФМП со 72-100.

Избраниците на тренерот Александар Тодоров беа рамноправен противник во првата четвртина, но домаќинот во вториот период успеа да се одлепи во ефикасна игра на двете екипи (51-44). Сино-белите се закануваа со резултатски пресврт и во третиот дел од средбата, но потоа снемаа сили во финишот. Тоа „пантерите“ од Железник го искористија на најдобар начин за серија 23-2 и висока позитива на крајот.

Ерик Гарсија со 16 поени беше најпрецизен кај МЗТ Скопје, Брет Бејли постигна 13, Јуре Лалиќ 12, а Бојан Трајковски 10 поени.

Следен меч за македонскиот шампион во регионалната конкуренција е в понеделник кога во „Јане Сандански“ ќе гостува хрватски Задар.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page