МЗТ Скопје Аеродром вечерва му гостува на ФМП!

2017 03 Окт

Осоколени по големата победа над Партизан на стартот од АБА-лигата, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва му гостуваат на белградски ФМП (18 часот) со желба да ја повторат добрата игра и со надеж дека ќе може да го изненадат фаворизираниот домаќин.

Сино-белите во српската престолнина отпатуваат комплетни, уверени дека дека имаат квалитет да дојдат до вториот триумф во третиот меѓусебен меч со „пантерите“ од Железник.

„ФМП е екипа која нема премногу звучни имиња, но функционира одлично како колектив, со амбиции слични на нашите и која може да ја наречеме и директен конкурент во борбата за што подобар пласман во АБА-лигата. Кај нив сѐ е потчинето на еден играч, Филип Човиќ, кој има апсолутна слобода во нападот што се однесува до поентирање, но кој во исто време е одличен креатор и знае да ги казни грешките на одбраната во т.н. „пикенрол“ ситуации. Нѐ очекува тежок натпревар, а ние би сакале добрата игра со Партизан да ја потврдиме и на гостински терен. ФМП е фаворит, но ќе пробаме да изненадиме и да се вратиме во Скопје со победа“, изјави тренерот Александар Тодоров.

Меѓу најдобрите на петочната средба против црно-белите беше Американецот Ерик Гарсија, кој одигра одлично во својот прв професионален меч во кариерата.

„Сезоната ја почнавме онака како што и посакувавме, со победа на домашен терен против силен противник, а сега ќе пробаме сето тоа да го надградиме со евентуален триумф во следниот меч на кој сме гости. За ФМП почнавме да размислуваме веднаш по средбата со Партизан, ја анализиравме нивната игра и сигурен сум дека ќе дадеме сѐ од себе за да го изненадиме домаќинот. Се надевам дека ќе одиграме во ист стил како во петокот“, изјави Гарсија.

Ова ќе биде трет меѓусебен дуел на двете екипи во регионалниот шампионат, а досегашниот скор е 1-1. Судии на натпреварот се Словенците Матеј Болтаузер и Црногорецот Радош Савовиќ.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page