Тодоров: Им благодарам на навивачите, тие ни ја дадоа потребната сила!

2017 30 Сеп

Александар Тодоров пред точно пет години во Загреб ја совлада Цибона, а синоќа во своето второт деби во АБА беше подобар од најтрофејниот Партизан. По средбата стратегот на „металците“ им се заблагодари на оние кои по подолго време беа и тоа како бројни и бучни на трибините – навивачите.

„Имам огромна благодарност за оние кои дојдоа во салата и тоа за првпат по многу долго време да ни ја дадат потребната сила. Без нивното присуство ќе беше - гадно. Ако се сетам како беше во МЗТ во 'лименката' при последниот мој престој тука и како беше вечерва, морници ме лазат. Одигравме меч со неквалитетна одбрана, примивме 48 поени во првото полувреме и 41 во второто. Меѓутоа успеавме да дадеме 92 поени и тоа играјќи со куса ротација и систем што го тренираме. Ова е една победа, но за да дојдеме до нашата цел ни треба уште најмалку десет. Стојановски одигра лидерски, како воопшто да не отсуствувал од терените. Тврдам дека тој може да игра и на повисоко ниво, сепак, тоа е само осми натпревар во една година за него. Нареден противник ни е ФМП, но да не покажуваме мускули уште по првата победа. Одиме на секој меч да победиме, но допрва ќе правиме анализа на нашиот следен ривал“, изјави Тодоров по средбата.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page