МЗТ Скопје го надигра Партизан за успешен старт на АБА-лигата

2017 29 Сеп

Пред повеќе од 4.000 гледачи во салата „Јане Сандански“, екипите на МЗТ Скопје и Партизан одиграа квалитетен, возбудлив и до крај неизвесен натпревар во кој на крајот домашните подобро се снајдоа и новата сезона во АБА-лигата ја отворија со триумф со резултат 92-89.

Како што предвидоа гостите, победникот го решаваше буквално една топка, а поголема на крајот беше желбата на македонскиот шампион. Екипите често се менуваа во водство во текот на натпреварот, имаа свои добри, но и бледи моменти, што донесе дополнителен шмек на овој драматичен старт на регионалната приказна за скопскиот и белградскиот состав. Партизан во неколку наврати имаше двоцифрена предност, а во финишот од третиот период влезе со плус шест (61-67), но тоа како да ги налути домашните. Бојан Трајковски дојде до своите пет минути, со блокада, тројка, скок во напад и кош, а Дамјан Стојановски продолжи да полни од секоја позиција што резултира со серија 14-2 на МЗТ Скопје за највисоки плус пет (75-70) на пет минути до крајот на средбата.

Во финишот ретко кој во салата остана да седи на своето место. Секој го бодреше својот тим, а секако далеку побучни беа побројните навивачи на „металците“, кои покажаа дека со право некогаш го носеа епитетот шести играч на МЗТ Скопје. Следуваа неколку наизменично реализирани напади, но по две добри одбрани на сино-белите и забивањето на Брет Бејли трибините буквално еруптираа со оглед што на семафорот стоеше 85-80 за домаќинот на 90 секунди до крајот. Завршницата беше пеколна, но избраниците на Тодоров умешно ја одржаа за вистински земјотрес од радост во салата „Јане Сандански“.

Стојановски со 23 поени и Трајковски со 20 поени и 14 скока беа убедливо најдобри кај македонскиот шампион, а одлична партија прикажаа уште и Ерик Гарсија со 17 поени и девет асистенции и Данил Џенсен со 14 поени. Јуре Лалиќ додаде 10 поени со седум скока.

Сино-белите сега немаат премногу време за радост бидејќи веќе во вторник ги чека тешко гостување кај секогаш незгодниот ФМП. Следниот домашен предизвик, пак, е на 9 октомври кога во Скопје доаѓа тимот на Задар.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page