МЗТ Скопје Аеродром договори четири контроли во Бугарија и во Романија

2017 26 Авг

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром договори уште четири силни меѓународни контролни средби во пресрет на новата сезона и тоа по две во Бугарија и во Романија кон средината на следниот месец.

Прв противник на шесткратниот шампион на оваа повеќедневна турнеја ќе биде Левски, некогашниот ривал од АБА-лигата и победник во Балканската лига (БИБЛ). Овој натпревар ќе се одигра на 13 септември во Софија, каде што следниот ден, пак, ќе ги одмериме силите со актуелниот првак на Бугарија, екипата на Лукоил Академик. Потоа следува патување кон Романија каде што на 15 и 16 септември ќе ги одмериме силите со еден од подобрите прволигаши од оваа земја, тимот на Крајова.

Со овие пресметки, екипата на МЗТ Скопје Аеродром досега има договорено вкупно седум пријателски средби во кои влегуваат и трите во Истанбул на почетокот од септември. Избраниците на тренерот Александар Тодоров ќе настапат на турнир во организација на Бујукчекмече (6 и 7 септември) каде што прво ќе се сретнат со домаќинот, а потоа и со победникот или поразениот од дуелот помеѓу Цибона и Истанбул ББ. Пред заминувањето за Скопје (8 септември) е предвиден и натпревар со турскиот второлигаш од престолнината на оваа земја, Бакиркој баскет (чие доскорешно име беше Пертевнијал).

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page