МЗТ Скопје Аеродром се договори со Трајковски и со Маслинко

2017 11 Авг

Управата на МЗТ Скопје Аеродром би сакала да ја информира македонската јавност дека е постигнат договор со двајца македонски репрезентативци (сениорски и младински) за нивно приклучување на нашиот клуб за следниот период.

Станува збор за Бојан Трајковски (30 год, 208 см.) и за младиот Андреј Маслинко (20 год., 208 см), кои се очекува да бидат од голема помош за новиот тренер на „металците“, Александар Тодоров, особено во играта под кошевите. Трајковски минатата сезона настапуваше за Карпош Соколи, а претходно има играно и за Балкан стил, Работнички, Фени индустри, Торус, Лирија, Куманово како и за полскиот Чарни Слупск и косовска Приштина. Маслинко, пак, доаѓа од таборот на Работнички, а има настапувано и за италијанскиот младински тим Стела Азура.

Претходно, во сино-белиот табор пристигнаа повратниците Дамјан Стојановски и Бобан Стајиќ, Американецот Ерик Гарсија како и талентираните Михајло Митев и Ранко Мамузиќ. Од минатата сезона, пак, под договорна обврска е уште и репрезентативците Марко Симоновски и Адем Мекиќ.

Аеродромци во новата сезона ќе настапуваат во исклучително силната АБА-лига со 12 екипи, во која ќе биде жестока борбата од првото до последното коло како за место во плејофот така и за избегнување на последното место на табелата. Во домашното првенство, пак, почнуваме од самиот старт за разлика од лани кога го пропуштивме првиот дел од шампионатот поради настапот и во Еврокупот.

1 Sinalco Logo.jpg3kozuvcanka logo.jpg4 sport m logo web.jpg5.Adora logo.jpg6. adidas.jpgBauer logo.jpgJsp_turs1.jpgTineks.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpggoldenart logo.jpgsistina logo web.jpgtelekom logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page